Марсеј амбициозно тргнува по дефанзивецот на Реал Мадрид

Олимпик Марсеј е сериозно заинтересиран за ангажман на младиот стопер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Францускиот клуб сака да го доведе 23-годишниот дефанзивец на едногодишна позајмица, со вклучена опција за откуп во висина од 15 милиони евра. Од таборот на Реал Мадрид се подготвени да ја разгледаат понудата, но доколку трансферот стане траен, инсистираат да задржат процент од идната продажба на играчот.

Асенсио во сезоната 2025/26 настапи на 34 натпревари во сите конкуренции, при што постигна два гола и забележа една асистенција. Во текот на сезоната заработи и седум жолти картони, како и еден црвен.

Иако неодамна потпиша нов договор со „кралскиот клуб“ до летото 2031 година, според шпанските медиуми, дефанзивецот моментално не е во прв план кај новиот тренер Жозе Мурињо, што ја отвора можноста за преселба на „Велодром“ уште ова лето.

Се вчитува...