Марсело: 2-0? Па, ние сме Реал Мадрид, ништо не не плаши…

Реал Мадрид ќе го игра своето 15.финале во Лигата на шампионите, откако го елиминира градскиот ривал Атлетико Мадрид во полуфиналната пресметка. Вечерва на „Висенте Калдерон“ загуби со 2-1, а Атлетико Мадрид имаше жесток старт, со два гола во првите 15 минути. Но, Бразилецот Марсело вели дека тоа воопшто не ги пореметило плановите на „кралскиот клуб“, напротив, тогаш почнале да играат како што умеат.

„Дали се исплашивме после 2-0? Па, ние сме Реал Мадрид, ништо не не плаши. Другите се плашат од нас. Не, бевме смирени, тогаш почнавме да играме многу посигурно, ја презедовме иницијатвата и постигнавме гол пред крајот на првото полувреме. Сега сме повторно во финалето и одиме во Кардиф за повторно да го освоиме пехарот“, изјави Марсело по пласманот на Реал Мадрид во новото финале од елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...