Марсело го напушта Реал и оди кај најдобриот пријател

Бразилскиот фудбалер Марсело до крајот на преодниот рок ќе го напушти Реал Мадрид, пренесува шпанскиот „Дон Балон“. Тој донел одлука кариерата да ја продолжи во Серија А и треба да му се придружи на големиот пријател Кристијано Роналдо во Јувентус.

За него се интересирал и Интер, но Марсело сепак одлучил да се пресели во Торино.

32-годишниот Марсело има актуелен договор со Реал Мадрид, но наводно „кралевите“ нема да му стојат на патот и ќе му дозволат да ја напушти Шпанија.

Марсело поради повреда не беше во тимот на Зидан на дуелот против Бетис изминатиов викенд.

Се вчитува...