Марсело имал болки во грбот, но и понатаму ќе игра на Мундијалот

Левиот бек на бразилската фудбалска репрезентација Марсело мораше да го напушти натпреварот против Србија уште во десеттата минута поради болки во грбот. На негово место во игра влезе Филипе Луис, а „кариоките“ го добија дуелот со 2-0 и го освоија првото место во групата Е. Во осминафиналето ќе ги одмерат силите против Мексико.

Состојбата со Марсело сепак не е толку драматична. Лекарскиот тим на бразилскиот национален тим извести дека Марсело има силни болки во мускулите на грбот поради спазма, но, сепак тоа не е причина за тој да го пропушти понатамошниот дел од Мундијалот. Најверојатно ќе биде подготвен за настап веќе на осминафиналната пресметка со Мексиканците.

Се вчитува...