Марсело ќе остане „крал“ до 2022 година

Бразилскиот интернационалец Марсело го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година. Тој ја прифати понудата на клубот за продолжување на соработката за дополнителни две години, со оглед дека претходниот договор имаше важност до 2020. Марсело е еден од клучните играчи во „кралскиот клуб“ речиси цела деценија и тренерот Зинедин Зидан и раководството на клубот сакаат да го осигураат неговото останување на подолг период.

Марсело со новиот договор ќе добие и зголемување на годишната плата, а најверојатно и зголемена откупна клаузула. Претходно, Реал Мадрид го обнови договорот и со Карим Бензема, а истото се очекува да го стори и Иско.

Марсело денеска ја доби и казната поради црвениот картон во Ла Лига против Леванте. Тој ќе мора да одмори принудно на два натпревари, и ќе ги пропушти дуелите против Реал Сосиедад и против Бетис.

Се вчитува...