Марсело: Можев да фаулирам, но…

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз (2-3) од најголемот ривал Барселона на „Сантијаго Бернабеу“, а победничкиот гол го постигна Лионел Меси буквално во последните мигови од судиското продолжение. Бразилецот Марсело имаше можност да ја прекине акцијата уште во зачетокот, фаулирајќи го Серхи Роберто, но не го стори тоа, а потоа беше доцна за да се спречи противнападот на каталонскиот тим и егзекуцијата на Меси.

„Во вакво дерби, одлучуваат многу мали детали. Можев да го фаулирам Серхи Роберто, но…Секогаш го сакате најдоброто, Реал Мадрид оди во напад за да победи дури и кога има 2-2 на домашен терен против Барселона со играч помалку. Ќе научиме од оваа грешка, а се надевам дека нема да биде кобна и дека ние ќе ја освоиме шампионската титула. Во трка сме за големи нешта оваа сезона и на крајот нашите фанови ќе се радуваат на титулите. Загубивме, но нашите глави се кренати високо, затоа што одигравме одличен меч, а клучен беше црвениот картон што неоправдано го доби Серхио Рамос“, изјави Марсело по поразот од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...