Марсијал: Не постои ривалство меѓу мене и Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, вели дека не постои ривалство меѓу него и Маркус Рашфорд, туку дека има неверојатна конекција меѓу двајцата која е сигурен дека следната сезона ќе продолжи.

„Со Маркус со кој мислам дека заедно играм пет сеозни во кои развивме неверојатна конекција. Не постои ривалство меѓу нас двајца, ние сме најдобри другари и тоа го пренесуваме и на теренот“, изјави Марсијал. 

И Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал имаа солидна сезона во Премиер-лигата во која со по 17 гола го водеа Манечстер Јунајтед до третото место.

Се вчитува...