Марсијал со хет – трик го уништи Шефилд Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја оствари првата победа по рестартот на Премиер – лигата совладувајќи го Шефилд Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3-0. Главен актер беше Антони Марсијал кој постигна хет – трик и самиот го уништи противникот. Тоа е прв хет – трик што го постигнал играч на Манчестер Јунајтед по цели 7 години и 63 дена, откако тоа го стори Робин ван Перси против Астон Вила во април 2013 година. За Марсијал е прво вакво постигнување во клупската кариера.

Французинот го отвори резултатот во седмата минута, а зголеми на 2-0 пред одморот, во 44.минута. Во вториот дел уште еднаш стрелаше прецизно, во 74.минута по асистенцијата на Маркус Рашфорд.

Вулверхемптон го совлада Борнмут со 1-0 со голот на Раул Хименез во 60.минута и сега заедно со Манчестер Јунајтед му дише во врат на Челси. Двата клуба имаат по 49 бода, два помалку од четвртопласираниот Челси.

Евертон го совлада Норич на гости со 0-1 со голот на Мајкл Кин, а Њукасл и Астон Вила ремизираа, 1-1.

Се вчитува...