Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард сепак не е позитивен на Covid-19. Иако првиот тест покажал такви симптоми, сепак, по вториот тест кој бил задолжителен и за сите други фудбалери, нема ниеден заболен од коронавирус во редовите на Реал Мадрид.
Како што информираат од „кралскиот клуб“, вчера попладне се извршени тестови на целиот фудбалски тим и стручниот штаб и добиени се негативни резултати. Ова значи дека сите ќе му бидат на располагање на тренерот Зинедин Зидан на денешниот тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА