Мартин Томовски се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Мартин Томовски го предводи тимот на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот голман со 13 натпревари беше главниот виновник за големиот триумф на Вардар на гостувањето кај Монплеје од 25-28.

Поради одличната партија ЕХФ го смети нашиот голман во идеалниот тим, каде покрај Томовски се најдоа уште и: Иван Чупиќ и Сандро Обрановиќ од ППД Загреб, Дилан Наи од Кијелце, Сташ Скубе од Мешков Брест, Дика Мем од Барселона и Мохамед Мамду од Динамо Букурешт.

Идеалниот тим на 11. коло можете да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...