Мартинез: Немам никакви контакти со Барселона

Јасно е дека Роналд Куман ќе добие отказ од Барселона по мечот со Атлетико Мадрид, а за негов наследник се шпекулираше белгискиот селектор Роберто Мартинез.

Тој денеска во изјава за ХЛН демантираше дека имал разговори со челниците, иако дел од медиумите во Каталонија пишуваа дека веќе имало „дил“ меѓу него и Барса.

„Во моментов нема никакви контакти меѓу мене и Барселона. Никој ме нема контактирано. Јас би сакал да го исполнам договорот со Белгија, но неочекувани работи може да се појават на тој пат“, рече Мартинез.

Сега најсериозен кандидат за наследник на Куман е легендата на клубот Чави, а исто така во последно време се споменува и германскиот стручњак Ралф Рагник.

Се вчитува...