Мартинез по дербито тргна да си оди пеш, но беше начекан од фановите на Арсенал (Видео)

Новиот голман на Челси, Емилијано Мартинез, кој вчера настапи на дербито против Арсенал (1:2), по мечот тргна да си оди дома пеш, но беше начекан од фановите на „топчиите“.

Навивачите на Арсенал веднаш му пријдоа и во опуштена атмосфера почнаа да го задеваат голманот на Челси и аргентинската репрезентација.

Тие го прашуваа со кој резултат заврши дербито, но немаше никаква опасност за неговата безбедност бидејќи Аргентинецот се шеташе со обезбедување.

 

 

 

 

Се вчитува...