Мартовското лудило започна порано: „Јас не сум во сопственост на НЦАА“

На ден пред почетокот на завршниот турнир во НЦАА лигата, кошаркарите започнаа „бунт“ со кој што бараат поголеми права со цел користење на своето име и лик во маркетиншки цели, на што сега немаат право.

Во центарот на протестот се наоѓа ѕвездата на Универзитетот Ратгерс, Џордано Бејкер, кој го искажа својот став преку социјлната мрежа Твитер со хаштагот ‘NotNCAAProperty’.

„НЦАА го поседува моето име и мојот лик. Некој кој добива музичка стипендија може да профитира на албум. Некој со академска стипендија може да биде тутор. За оние кои велат дека атлетска стипендија е доволна, ништо помалку од еднакви права не е доволно. Јас не сум во сопственост на НЦАА“ – напиша Бејкер.

Под насловот ‘Простест на колеџ кошаркари против Мартовското лудило’ спортистите бараат промена на НЦАА правилата со кои од 1. јули би им овозможило можност за настап за репрезентацијата и можност за финансиска заработка од употреба на своето име и лик, а потоа и состанок со претседателот на НЦАА, држаните и сојузните законодавци, како и со претседателот на САД, Џо Бајден.

„НЦАА премногу често ги третира факултетските спортисти како долари, откако како луѓе. Колеџ кошаркарите кои протестираат против НЦАА правилата во текот на турнирот се без преседан и доаѓаат во време кога законодавците и Врховниот суд на САД треба да донесе одлука која ќе влијае врз слободата и правата на генерациите кои допрва доаѓаат“ – стои во соопштението.

Во текот на минатото лето раководството на НЦАА изјави дека универзитетскиот спорт нема да ги „зараби“ студентите  на „балон“ како НБА лигата со оглед на тоа што не станува збор за професионален спорт, но преголемиот број на одложени натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната го промени мислењето на лигата.

НЦАА одлучи „Мартовското лудило“ да се одржи на „балон“ во Индијанаполис, со цел да се намали ризикот од заразување со вирусот, а притоа лигата ќе заработи 800 милиони долари само од ТВ права.

Се вчитува...