Францускиот првак Пари Сен Жермен го договори првото летно засилување. Станува збор за црногорскиот интернационалец Адам Марушиќ од Лацио. Тој за сума од 20 милиони евра ќе го напушти Рим и ќе се пресели на „Паркот на принцовите“. Спортскиот директор Леонардо, кој порано работеше во Милан, одлично ги познава квалитетите на Марушиќ и смета дека тој ќе биде добро решение за десната бековска позиција.
Марушиќ треба да биде замена за белгискиот интернационалец Томас Муние кој на крајот од сезоната ќе си замине од Пари Сен Жермен и најверојатно ќе потпише за Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА