Маскерано: Барселона има погрешна тактика

Поранешниот фудбалер на Барселона, Хавиер Маскерано изрази жалење што каталонскиот клуб се откажа од моделот на игра што донесевуше најголем успех.

Аргентинецот кој со години го носеше дресот на каталонскиот гигант неодамна ја заврши кариерата не крие дека е разочаран од она што сега го гледа од својот поранешен клуб.

“Ме боли тоа што Барселона се откажа од моделот на игра што ја правеше несовладлива. Тогаш клубот правеше разлика во однос на конкурентите. Ако нешто ја издвојуваше Барселона, тоа беше препознатливиот стил на игра што веќе долго време се практикуваше“, рече Маскерано во интервју за шпанските медиуми.

Аргентинецот зборуваше и за својот сонародник и поранешен соиграч Лионел Меси.

“Кога Лео ќе ја добие топката, знаете дека ќе стори нешто посебно. Тој е многу посебна личност, не во однос на неговите игри, туку како се справува со големината што ја има. Не сум сретнал некој што е толку важен во историјата на фудбалот, и тоа толку приземјено. Меси не се двоуми да ги праша другите за мислење. Обично ѕвездите како него тоа не го прават“ – забележа Маскерано.

Се вчитува...