Мата го напушта Манчестер Јунајтед

Фудбалерот за врска Хуан Мата, ќе го напушти Манчестер Јунајтед летово. Медиумите во Англија пренесуваат дека Шпанецот е подготвен да се пресели во Турција, поточно во редовите на Фенербахче.

Мата го изгуби местото во тимот, откако Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“, а Пол Погба се опорави од повредата. Мата минатата година потпиша договор со „црвените-ѓаволи“ до 2021 година, но од клубот се подготвени да го продадат летово како би можеле да заработат од неговиот трансфер.

Мата во Јунајтед стигна во 2014 година од редовите на Челси. За клубот запиша 180 настапи на кои постигна 33 гола. Со „црвените-ѓаволи“ се радуваше на титулите во Лигата на Европа, Лига купот, ФА купот и Комјунити шилд.

Се вчитува...