Матео Мараш уште две години во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер и ракометарот Матео Мараш ја продолжија соработката за уште две сезони и хрватскиот десен бек се обврза на нов договор, заклучно до јуни 2023 година. 20-годишниот сплиќанец дојде минатото лето на позајмица во Битола, а на обострано задоволство потпишан е нов договор.

Со овој потег продолжува тенденцијата на Еурофарм Пелистер, започната во јануари, со продолжувањето на договорот со Мандалиниќ и во февруари со тренерот Жељко Бабиќ.

Се вчитува...