Матеус: Ова беше срамота, вратете го Милер во репрезентацијата

Жестоки се реакциите кон селекторот Јоаким Лев по срамниот настап на синоќешниот дуел со Шпанија. Поразот од 6-0 е најубедливиот што Германците го имаат претрпено уште од 1931 година, па разбирливо е зошто бројните германски репрезентативци гласно реагираат по очајното издание на „панцирите“.

Еден од најгласните е поранешниот капитен Лотар Матеус, кој му порача на Лев дека ако сака да го воскресне тимот ќе мора да го врати во репрезентацијата Томас Милер. Селекторот уште пред неколку години реши да се откаже од услугите на Милер, Хумелс и Боатенг, но тоа сега се одразува со немање на лидер во репрезентацијата.

„Никогаш досега не сум видел вакво фијаско. Кога ќе влезете слабо во мечот, неопходен е лидер на теренот, некој што ќе го запре „падот“ и ќе го придвижи тимот. Гласниот Томас Милер недостигаше, да каже што има на соиграчите и Германија да заигра уште подобро. Тој мора да се врати. Подобро да не се прави анализа на натпреварот, зошто на Лев нема да му бидат доволни ниту осум часа за да ги покаже сите направени грешки“, изјави Матеус.

Се вчитува...