Матиќ: Јунајтед треба секогаш да се бори за титулата

Српскиот интернационалец Немања Матиќ вели дека Манчестер Јунајтед е голем клуб и никогаш не смее да дозволи еден тим на 10 кола до крајот како што беше случај сезонава да ја освои Премиер-лигата.

„Лично би сакал да ја освојам титулата со Јунајтед, Мислам дека ваков тим секогаш мора да се бори за титула. Не смееме да дозволиме некој клуб на 10 кола пред крајот на сезоната. Мораме секогаш да се бориме до крај“, изјави Матиќ. 

Новата сезона во Премиер-лигата почнува на 12. септември, а Оле Гунар Солксјер веќе почна да го крои тимот кој како што најавуваат од „Олд Трафорд“ треба да се бори за највисок пласман.

Се вчитува...