Матиќ: Премиерлигата е многу посилна од пред 15 години

Српскиот интеранционалец Немања Матиќ може да се смета за староседелец во Премиерлигата. Екс фудбалерот на Челси, а атуелниот на Манчестер Јунајтед првиот престој во „елитата“ на англискиот фудбал го имаше уште во 2009 година кога од Кошице пристигна во Лондон, а по три години (2011-2014) поминати во Бенфика повторно се врати на „Островот“.

Говорејќи за англиските медиуми српскиот репрезентативец се осврна кон целите на „црвените ѓаволи“, но и Премиерлигата како натпреварување.

„Денеска има многу тимови кои ја гледаат својата шанса. Сите многу напреднаа и купија играчи од врна класа. Многу е тешко да се натпреварувате во Премиерлигата, многу потешко отколку пред 15 години. Сакаме да бидеме помеѓу првите четири и да ја освоиме Лигата на Шампионите и ФА Купот. Ќе видиме што ќе биде, но тоа е нашата цел. Во мечевите како оној кој следи против Њукасл сме фаворити, но мораме да го докажеме тоа на теренот. Тие се во лоша позиција, но тоа е голем клуб со одлични играчи и сигурно ќе се борат за да останат во лигата“, изјави Матиќ.

Се вчитува...