Маурицио Сари го носи Педро без отштета во Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус ја продолжува традицијата да доведе одлични фудбалери во Торино без отштета. Ова лето таков „улов“ треба да биде шпанскиот интернационалец Педро на кого му истекува договорот со Челси. Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, добро ги познава квалитетите на Педро од периодот кога работеа заедно на „Стемфорд бриџ“ и знае дека би бил одлично засилување за тимот, посебно доколку пристигне како слободен агент.

Сари сака да ја зголеми конкуренцијата на крилните позиции. Има најави дека Даглас Коста и Федерико Бернардески би можеле и да го напуштат Јувентус во летниот преоден рок, а Педро би бил одлично решение.

33-годишниот Шпанец заработуваше 6 милиони евра по сезона на „Стемфорд бриџ“ и ќе треба да се сложи на значително намалување на платата доколку сака во иднина да го носи дресот на Јувентус. Раководството на италијанскиот клуб му предлага двегодишен договор.

Се вчитува...