Мауро Каморанези нов тренер на Марибор

Словенечкиот клуб Марибор го именуваше прославениот Мауро Каморанези за нов тренер. Тој добро го познава словенечкиот фудбал затоа што досега работеше Табор Сежана, а веднаш ја прифати понудата да се пресели на клупата на еден од најдобрите словенечки клубови во изминатата деценија.

Марибор имаше неславна епизода против аматерите Колерејн во Европа и по тоа Сергеј Јакировиќ мораше да си замине. Спортскиот директор на Марибор, Оливер Богатинов, за нов тренер го именуваше Каморанези.

„Среќни сме што успеавме да доведеме вакво име за тренер на Марибор. Каморанези е поранешен светски првак со Италија и одлично го знае фудбалот, а успешен и во тренерскиот занает. Се надеваме дека заедно ќе имаме многу успеси“, изјави Оливер Богатинов при презентацијата на Мауро Каморанези.

Се вчитува...