Мазепин: Голем е ризикот ако јавно го искажам мојот став за војната

Руската инвазија над Украина не помина без последици ниту во најбрзото натпреварување на светот па така покрај тоа што Русија остана без Големата награда, Русинот кој беше дел од Хас, Никита Мазепин беше отпуштен, а и американскиот тим го прекина спонзорскиот договорот со руската нафтена компанија.

Во интервју за Би-Би-Си, Мазепин ја коментираше одлуката на тимот и вели дека е разочаран со начинот на кој Русите се третираат во светот.

„Воопшто не сум помирен со одлуката. Кажав и порано дека ќе се борам против неа, но сега не е вистинско време. Погледнете ја ситуацијата во спортот. Стануа збор за „поништување на култура“ против мојата држава. Моите чувства се променија, јас сум човек кој сака мир во светот. Ќе бидам искрен со вас, има голем ризик да зборам за ситуацијата, бидејќи нема сите да бидат задоволни со тоа што ќе го кажам. Затоа во јавност ќе бидам тивок и нема да говорам за ситуацијата“, изјави 23-годишникот.

Се вчитува...