Мазепин: Русија ми значи повеќе од Формула 1

Рускиот возач Никита Мазепин кој беше отстранет од Формула 1 по инвазијата на Русите во Украина како дел од срамните санкии против спортистите вели дека нема намера да се откаже од националноста и да се натпреварува под „неутрално“ знаме само колку да има место во најбрзиот шампионат во светот.

Младиот возач кој остро ја критикуваше одлуката на Формула 1 во интервју за „Би-би-си“, овој пат говорејќи за руските медиуми вели дека секој има право на слободен избор, а за него тоа е татковината.

„Луѓето не смеат да бидат осудувани поради националноста. Ние сме спортисти и секој од нас има право на слободен извор и тој мора да биде почитуван. Некој сака да се откаже од татковината, некој не сака, но секој сам бира. Јас не се откажувам од Русија, таа ми значи повеќе од Формула 1“, вели Мазепин.

Се вчитува...