Килијан Мбапе урна бројни рекорди на овој светски шампионат, но остана без она најпосакуваното – да се бори за големиот трофеј и по вторпат во кариерата да се израдува на титулата светски првак.
„Индивидуалните награди значат, но да бидам искрен, веднаш би ја менувал наградата за најдобар стрелец, само за да играм финале“, изјави Мбапе.
Тој има два погодоци повеќе на СП 2026 во однос на Лео Меси, но Французинот е свесен дека оваа битка уште не е завршена.
„Не е готово. Меси ќе даде најмалку еден го во финалето. Ќе видите, тој секогаш дава голови кога е најважно“, истакна најдобриот француски фудбалер.
Мбале се осврна и на катастрофалното прво полувреме во кое Франција прими четири гола.
„Непочитување на националниот дрес? Би секол дека само бевме обични луѓе, дозволивме последното разочарување да остави трага. За жал, не ни е дозволено да бидеме обични луѓе…. Бевме целосно исклучени, не игравме ништо од она што го знаеме и тие четири гола ни беа будење за второто полувреме, во кое се покажавме во сосема поинакво светло“, прокоментира Килијан Мбапе
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
