Мбапе добива нов договор од ПСЖ со ‘нереални’ 250 милиони евра

Челниците на ПСЖ подготвија нов договор за Килијан Мбапе со кој една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата би останал во Париз и во следните пет години за сума од 250 милиони евра.

21-годишниот напаѓач заработува скромна цифра во однос на најголемите светски ѕвезди. На годишно ниво добива „само“ 15 милиони евра, но ПСЖ сега му нуди договор со заработка од 50 милиони евра на годишно ниво.

Раководството на ПСЖ силно посакува да го спречи заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид, кој покажува најголем интерес за негов ангажман. Поради тоа најпрво беа со идеја да ги израмнат неговите примања со оние на Нејмар, од 37 милиони евра годишно, но очигледно се одлучија и на далеку поголема сума.

Килијан Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако за 180 милиони евра. Во 115 натпревари за клубот постигна 84 гола.

Се вчитува...