Мбапе е позитивен на COVID-19, го напушти францускиот репрезентативен табор

Килијан Мбапе е позитивен на COVID-19 информираше фудбалската федерација на Франција. Тој е принуден да го напушти репрезентативниот табор и нема да биде дел од националниот тим во пресметката со Хрватска закажана за утре. Оди во 14-дневна изолација. Мбапе е веќе седмиот играч на Пари Сен Жермен кој е заразен со коронавирусот. Пред него позитивни тестови имаа и Нејмар, Мауроо Икарди, Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Кејлор Навар и Маркињос.

 

Се вчитува...