Мбапе го одведе ПСЖ во финале

ПСЖ се наоѓа на прагот на освојување на уште еден трофеј откако вечерва славеше над Каен со 1-3, пласирајќи се во големото финале од Купот на Франција.

Килијан Мбапе беше херојот на „светците“ на овој меч постигнувајќи ги првите два гола за ПСЖ, пред конечните 1-3 да ги постави Нкунку во 95. минута, само стотина секунди по влегувањето во игра на местото на Ди Марија.

Тимот од Париз ќе ја има улогата на апсолутен фаворит и во големото финале, каде за трофејот ќе се бори со второлигашот Авр.

Се вчитува...