Мбапе има вирус, не се знае дали ќе игра со Борусија

ПСЖ се соочува со огромен проблем во пресрет на утрешниот реванш против Борусија Дортмунд, откако беше обелоденето дека Килијан Мбапе поради болест е крајно неизвесен за настап со „милионерите“.

Французинот треба да биде главен адут на Томас Тухел во обид да се надополни негативата од 1-2 од првиот меч, но тој ги пропушти последните два тренинзи. Мбапе не тренираше вчера, а откако ниту утрово не се појави на тренинг стана јасно дека не станува збор за ништо наивно.

Неофицијалните информации говорат дека станува збор за вирус поради кој Мбапе е „врзан за кревет“, а лекарите прават се што можат за да го оспособат вечерва да тренира барем триесетина минути, а потоа утре да може да настапи против „милионерите“ од Дортмунд.

Тухел за утрешниот реванш нема да може да смета на Верати, Ерера и Муние, а неизвесен е настапот на Тијаго Силва.

Се вчитува...