„Мбапе ќе плати за тоа што го одбра ПСЖ пред Реал Мадрид“

Килијан Мбапе и покрај големата сапуница на крајот одлучи да не ја прифати понудата на Реал Мадрид и да остане во Пари Сен Жермен.

Голем број поранешни и сегашни фудбалери говореа за изборот на Французинот, а меѓу нив се најде и поранешниот англиски репрезентативец Стив Мекманаман. Тој мисли дека младиот фудбалер ќе плати за тоа што ќе остане во ПСЖ бидејќи нема да има успех во Лигата на шампионите.

„Килијан Мбапе ќе плати за тоа што го одбра ПСЖ пред Реал Мадрид. Тој едноставно нема да има успех во Лигата на шампионите со францускиот тим каков што можеше да има со „кралевите“, изјави Мекманаман. 

Се вчитува...