Мбапе може да здивне – тестот за коронавирус е негативен

Килијан Мбапе може да здивне откако резултатите од неговото тестирање за коронавирус се покажале негативни, по што францускиот фудбалер би можел веќе утре да му се приклучи на тимот на ПСЖ.

Голгетерот два дена не тренираше со „светците“, а откако состојбата не му се подобри беше донесена одлука тој да биде тестиран за коронавирус. Телевизијата ТФ1 објави дека првите резултати од тестовите биле негативни, по што експресно се средила тензијата што владеела во целиот тим на ПСЖ, кој можеше да се соочи со тотално фијаско доколку и останатите фудбалери беа заразени од коронавирусот.

Извори блиски до Мбапе тврдат дека тој и покрај одличната вест се уште е болен и има висока температура, па речиси сигурно е дека нема да може да стартува од првата минута на утрешниот реванш со Борусија Дортмунд.

Се вчитува...