Мбапе не даде гол на „последниот танц“, но ПСЖ стигна до трофејот

ПСЖ ја заокружи успешната сезона во францускиот фудбал откако „светците“ вечерва славеа во финалето од националниот куп над Лион со 2-1, стигнувајќи до двојна круна на домашната сцена.

Овој меч ќе остане запаметен како „последниот танц“ на Килијан Мбапе, голгетерот за последен пат го носеше дресот на ПСЖ, беше стартер и ги одигра сите 90 минути, но не успеа со гол да се збогува од овој клуб. За негова среќа, расположени беа Дембеле и Фабијан Руиз, кои со прецизни удари донесоа водство од 2-0 уште по првото полувреме.

Лион во вториот дел намали на 2-1 преку О’Брајен, потоа имаше уште неколку шанси за израмнување, но „светците“ успеаја да одолеат и да стигнат до двојна круна, прва по пауза од четири години за гигантот од Париз.

Се вчитува...