Мбапе не се откажува: Монако може да направи чудо во Торино

Најбараниот француски талент и играч на Монако, Килијан Мбапе, во пресрет на реванш дуелот против Јувентус во полуфиналето од ЛШ, вели дека неговиот тим може да ја стигне негативата од два гола и да направи чудо на стадионот на Јувентус во Торино.

„Ништо не е невозможно. Монако може да направи чудо во Торино. Тие постигнаа два гола на гости, зошто да не дадеме и ние. Целиот тим поседува квалитет за таков пресврт, иако повеќето од нас немаме големо искуство. Ние секогаш максимално се подготвуваме, на секој натпревар одиме да победиме и повторувам, има уште 90 минути фудбал, се’ може да се случи, а ние ќе направиме се’ што можеме за да се пласираме во финалето“ – изјави Мбапе.

18-годишниот Мбапе сезонава екплодира откако се вметна во првиот тим на Жардим, постигна 24 гола и 12 асистенции на 40 натпревари во сите конкуренции, а европските гиганти за него нудат богатства, нема да биде изненадување ако некој клуб го урне и рекордот за него.

„Ќе дадеме се’ од себе, па ако на крајот Јувентус слави, тогаш тоа ќе биде заслужено, ние на ниту еден тим не им даваме победа така лесно. Секако ни останува домашното првенство, да ја освоиме титулата ни е главна цел. Ќе биде прекрасно да станеме шампиони на Франција, тоа е нешто што го посакувам цел живот“ – додаде Мбапе.

Се вчитува...