Мбапе објави: Си одам од ПСЖ

Од вечерва е и официјално – Килијан Мбапе на крајот од сезонава ќе си замине од ПСЖ откако францускиот голгетер самиот обелодени дека како слободен играч ќе ги напушти редовите на „светците“ од Париз.

Веќе подолго време се шпекулира дека Мбапе го има договорено трансферот во Реал Мадрид, голгетерот одбиваше да дава било какви изјави на оваа тема во последните месеци, но по обезбедената титула во домашното првенство и елиминацијата од Лигата на Шампионите, тој откри дека ги минува последните денови како член на трофејниот француки клуб.

Неговиот последен меч на „Паркот на принцовите“ ќе биде викендов против Тулуз, а се очекува управата и навивачите да имаат специјално испраќање за големиот ас.

Мбапе мина седум сезони во дресот на ПСЖ, успевајќи да посстигне 255 гола и 96 асистенции.

Се вчитува...