Мбапе: Реал ни ја покажа разликата меѓу големи играчи и шампиони

ПСЖ забележа нова убедлива победа во рамките од францускиот шампионат, но и по големиот триумф над Мец кај фудбалерите на „светците“ беше очигледно разочарувањето што овој тим прерано беше елиминиран од Лигата на шампионите. Голгетерот Килијан Мбапе имаше најреален коментар за тоа што се случи на реваншот меѓу ПСЖ и Реал, на кој „кралевите“ славеа со 1-2 и си го визираа пласманот во четврт-финалето.

„Психолошки мислевме дека сме подготвени, сакавме натпреварот што побрзо да почне. Никој не може да каже дека не се обидовме, дека не дадовме се од себе или пак дека не ја посакувавме доволно победата. Сепак, ова е фудбал и секогаш мора да има и поразени, а Реал Мадрид ни ја покажа разликата меѓу големи играчи и шампиони“ – изјави Мбапе.

Се вчитува...