Мбапе: Сакам да играм во Милан

Килијан Мбапе веројатно ќе се пресели во Реал Мадрид ова лето. Одличниот Французин и дефинитивно го напушти ПСЖ, и сега се фокусира кон следниот предизвик во Мадрид.

На неговиот трансфер се работи веќе извесно време, а тој кажа дека еден ден сака да го облече дресот на Милан, клуб кој го следи од детство, и со тоа да си го исполни сонот.

„Италијански фудбал? Никогаш не се знае. Секогаш велам дека ако еден ден заминам во Италија, тоа ќе биде Милан. Како дете навивам за овој тим, и секогаш го следев овој тим. Сите во мојата фамилија навиваат за Милан“, рече Мбапе.

Се вчитува...