Мбапе се враќа во тимот на ПСЖ за утрешниот меч со Ница

Маките на тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, барем малку ќе бидат намалени откако Килијан Мбапе доби дозвола за биде во составот за утрешниот меч против Ница. Мбапе беше еден од фудбалерите кои беа позитивни на Covid-19, но асимптоматски. Тој не покажа силни симптоми на болеста, а последниот тест беше негативен. Според новото правило во францускиот шампионат, секој случај ќе се решава посебно, а тоа значи дека фудбалерите не треба да останат во изолација дополнителни 14 дена.

Со ова правило, Килијан Мбапе добива можност да се најде во тимот на ПСЖ за утрешниот натпревар. „Светците“ се соочуваат со многу проблеми на почетокот на новото првенство, загубија на двата стартни натпревари, а третиот против Мец го добија едвај, со 1-0 со голот на Џулијан Дракслер во судиското продолжение. Нејмар, Курзава и Паредес се суспендирани по црвените картони што ги заработија на дербито со Олимпик Марсеј (0-1).

Се вчитува...