Мбапе урна рекорд на Меси: Сакав да докажам без мене е многу потешко

Килијан Мбапе постигна хет – трик за ПСЖ против Клуб Бриж во триумфот од 0-5 иако во игра влезе во второто полувреме. Францускиот репрезентативец со тоа го урна рекордот на Лео Меси станувајќи најмладиот играч кој постигнал 15 гола во Лигата на шампионите. Тој влезе во игра на местото на Чупо – Мотинг во 52.минута и до крајот трипати ја тресеше мрежата на Мињоле. Мбапе уште и потврди дека сакал да се докажува со тренерот Тухел.

„Сакав да докажам дека без мене е многу потешко. Среќен сум поради головите и убедливиот триумф“, изјави Килијан Мбапе.

Пари Сен Жермен по три кола има максимални девет бода и се наоѓа на врвот на табелата во групата А. Реал Мадрид по триумфот (0-1) над Галатасарај во Истанбул се искачи на втората позиција.

Се вчитува...