Мбапе уште во февруари потпишал за Реал Мадрид?

Иако е јасно дека Килијан Мбапе следната сезона ќе игра во Реал Мадрид, и дека ја заврши својата одисеја во ПСЖ, но засега нема ништо официјализирано. Се очекува тоа да биде сторено после завршувањето на сезонјата.

Меѓутоа најновата информација е дека Мбапе веќе го ставил потписот со „кралевите“ уште во февруари. Ова го тврди еден од најреномираните новинари во Франција, Абдела Булма. Тој пишува дека Мбапе на 21. февруари има потпишано договор со Реал Мадрид, кој ќе стапи на сила од 1. јули.

Мбапе како слободен агент ќе се пресели во Реал, со оглед дека му истекува договор со ПСЖ. Неговиот тим пред неколку дена беше елиминиран од Лигата на шампионите, со што пропадна и последната можност да го освои драгоцениот трофеј како играч на „светците“.

Се вчитува...