Мбапе: Во мои години е најважно само да играм!

Талентираниот напаѓач на Монако, Килиан Мбапе зад себе има фантастична сезона низ која успеа да го привлече вниманието на европските великани кои сакаат веднаш да го видат во своите редови.

Сепак, младиот Мбапе смета дека никој не може да го присили да оди таму каде што не сака, а за него во моментов е најважно само редовно да добива можност да игра. Веќе некое време се шпекулира дека Мбапе за рекорден трансфер ова лето се сели во Реал Мадрид или Манчестер јунајтед, но тој вели дека одлуката за можно заминување ќе ја донесе сам, без никаков притисок…

„Ќе направам избор кој ќе и помогне на мојата кариера. Кариерата ми е на прво место, а јас сум во години во кои најважно е само редовоно да играм. Така да тоа ќе биде приоритет, а никакви пари или висина на трансфер“ – вели Мбапе.

„Јас немам 35 или 36 години, се уште имам уште многу за учење. Ова беше година на мое откривање, а сега доаѓа клучниот чекор: Потврда на квалитетот! Затоа одлуката каде би продолжил ќе биде само моја, никој нема да ме присилува на нешто што не сакам“ – дополни 18-годишниот Мбапе.

Се вчитува...