Мбапе за историја: На Ел Класико го постигна 100-тиот гол во дресот на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа славеа на првото Ел Класико сезонава, со 2:1 ја совладаа Барселона на „Камп Ноу“, а херој е Килијан Мбапе кој ги постигна двата гола за „кралевите“.

Мбапе прво во 41-та минута го отвори резултатот, а во 87-та минута со својот втор гол по одличната акција на Камавинга, ја донесе победата на Реал Мадрид.

Токму вториот гол на синоќешното дерби, е јубилеен 100-ти гол за Мбапе во дресот на Реал Мадрид. За ова постигнување му беа потребни само 116 натпревари.

„Многу сум среќен поради јубилејот и 100-тиот гол, но головите во овој момент се во втор план. Најважно е што освоивме три бода и добивме голем мотив за продолжението на сезоната. Што се однесува до головите, сигурен сум дека ќе дадам уште многу голови во дресот на Реал Мадрид, изјави Мбапе.

Мбапе даде 67 голови на 75 натпревари во Ла Лига, во Лигата на шампионите даде 25 гола на 28 натпревари, на петте меча во шпанскиот Кралски куп даде четири гола, два гола даде на светското клупско првенство и по еден гол во Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...