Меч поен и тениска магија: Како Алкараз ја запечати победата над Надал

Карлос Алкараз во голем стил стигна до својата прва победа во кариерата над Рафаел Надал, со која стана и најмлад полуфиналист во историјата на мастерс-турнирот во Мадрид.

На мака се познаваат јунаците, а токму тогаш младиот Шпанец ја покажа својата големина, надминувајќи ги проблемите со повредата, притоа и најубавиот поен на мечот добивајќи го кога беше најважно, при меч-топка при 40-30.

Надал успеа да се одбрани и се чинеше дека ќе стигне до израмнување, но Алкараз успеа да се врати и со фантастичен удар стави печат на големата победа над својот тениски идол.

Се вчитува...