Мечот меѓу Вориорс и Лејкерс на стартот на сезоната ќе биде втор најскап во историјата на НБА

Со натпреварот меѓу актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс на 17. октомври ќе стартува новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.

Овој меч меѓу двата големи ривали ќе биде вториот најскап во историјата кога се во прашање картите. Просечната цена на картата за овој дуел ќе изнесува 897 долари.

Најскап меч во историјата на лигата е последниот на Коби Брајант во дресот на Лејкерс кога просечна цена на картите беше 1137 долари.

Се вчитува...