Мечот од ЛШ меѓу Аталанта и Валенсија клучен за масовното ширење на коронавирусот

Италијанскиот епидемиолог Франческо ле Фоке изјави дека мечот од Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија е клучниот за масовното ширење на коронавирусот во Бергамо, а потоа низ Италија и Шпанија.

Според Ле Фоке, 40.000 навивачи отпатувале од Бергамо во Милано на „Сан Сиро“ на 19. февруари. Сето тоа е причина за високото ниво на ширење на вирусот потоа.

„Има неколку големи катализатори за огромното ширење на вирусот, но натпреварот меѓу Аталанта и Валенсија е еден од клучните. Точно еден месец по тој натпревари сите факти комплетно се поклопуваат. Илјадници луѓе беа само неколку сантиметри еден од друг, се гушкаа и покажуваа емоции, што доведе до широка распространетост. Сигурен сум дека и многу луѓе не сакаа да го пропуштат мечот, иако некој во тоа време имал мала температурата, на пример. Дозволата за натпревари со публика во тоа време беше една од клучните грешки“ – вели епидемиологот Франческо ле Фоке.

Се вчитува...