Мечот Шкендија – Победа ќе се игра в сабота

Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија, ќе ја пречека Победа в сабота, со почеток во 14 часот, во рамките на 22.коло од македонскиот шампионат. Тимот на Ќатип Османи сака да добие малку повеќе одмор пред реванш натпреварот со Вардар во четвртфиналето на Купот на Македонија, дуел кој е закажан за в среда, 7.март, на Градскиот стадион во Тетово.

Шкендија во моментов се наоѓа на првата позиција на табелата со 53 бода, додека Победа е на осмата позиција со 21 освоен бод.

 

Се вчитува...