Медисон Кис, „кралица“ на Синсинати

Медисон Кис стигна до својата втора титула во 2019 година, вкупно петта во кариерата, откако американската тенисерка триумфираше во денешното финале во Синсинати против Светлана Кузнецова со 2-0 во сетови. Кузнецова има за што да жали бидејќи и во двата сета имаше водство од 5-3, но не успеа да одигра на посакуваното ниво кога беше најважно.

„Ако некој пред една седмица ми кажеше дека ќе  стојам овде со трофејот, ќе му се изнасмеев в лице“ – прокоментира шампионката Кис, која го заврши финалето со 43 винер-удари.

Со освоената титула таа ќе скокне на десеттото место на најновата ВТА-листа. Голем скок ќе има и Кузнецова, која се враќа по долгата пауза поради повреда, па пласманот во финалето и  обезбеди напредок од 118. на 31. место на ВТА-рангирањето.

Се вчитува...