Ракометната медитеранска селекција поразена од Турција

Македонските ракометари загубија од Турција со 26-29 во првиот настап на Медитеранските игри во Тарагона. Комбинираниот состав  на медитеранската репрезентација кој од клупата го предводи помошникот на Раул Гонзалес, Роберто Гарсија Парондо, лошо го отвори натпреварот и во поголем дел македонскиите ракометари бркаа резултат.

Турците на стартот поведоа со 1-3. По серијата грешки на стартоитр, македонскире ракометари успеаја да фатат чекор и изедначија на 4-4, а потоа и поведоа со 6-5. Но, по ефикасната серија следуваше пад во играта и нова офанзива на Турците кои постигнаа три гола во серија и одново ја презедоа иницијативата поведувајќи со 7-9. Македонија остана во негатива до крајот на првиот дел кој заврши со предност на Турција од 13-15.

Македонските ракометари лошо го почнаа и вториот дел дозволувајќи му на противникот за пет минути да ја зголеми предноста на 13-18. Се консолидираа во наредните минути и со серија од 3-0 ја намалија разликата на 16-18, но немаа сили за комплетен пресврт. Турците повторно се одлепија и во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од 20-24. Последната шанса да дојдат до позитивен резултат на овој меч, македонските ракометари ја имаа  на осум минути пред крај кого одново дојдоа на два гола негатива (22-24). Сепак, репрезентацијата на Турција беше поконцентрирана во решавачките моменти и не дозволи да ја го загуби дуелот во кој во сите 60 минути беше во предност .

Мартин Поповски и Филип Кузмановски постигнаа по седум гола, а Мартин Велковски додаде пет за Македонија. Пеливан беше прв стрелец во репрезентацијата на Турција со 11 погодоци.

Во вториот натпревар на Медитеранските игри, утре (16.30 ч.), Македонија ќе игра против селекцијата на Египет.

Се вчитува...