„Европскиот првак не е веќе истиот по поразот од Македонија“

После поразот од Македонија, Италија не е веќе истата репрезентација. Ова го пишуваат дел од италијанските медиуми, кои „не штедат критики“ по поразот од Аргентина во финалето на „Финалисима“ од 3-0.

Европскиот првак остана без Мундијал, а сега и без трофејот кој го добива селекцијата која ќе победи од дуелот меѓу европскиот првак и првакот на Јужна Америка.

„После оној гол на Трајковски, Италија веќе не е истата. Манчини ги губи „конците“ – пренесуваат медиумите во Италија.

Тие наведуваат дека селекцијата на Италија дефинитивно го нема победничкиот дух од ЕВРО 2020. Пријателски натпревари и овој меч со Аргентина ги истакнаа огромните празнини кај европскиот шампион.

„Веројатно сега Манчини се кае што одлучи да остане на клупата после поразот од баражот со Македонија. Исто така тој после Аргентина истакнува реченица во која вели дека му недостасува секојдневната работа, односно клупскиот фудбал“, пишува „Ел Месаџеро“.

Се вчитува...