Медведев го спомена Ѓоковиќ, а публиката во Мелбурн го исвирка (ВИДЕО)

Русинот Данил Медведев во неверојатен трилер го совлада Феликс Оже Алиасим со 3-2 и се пласираше во полуфиналето на првиот гранд-слем турнир во годината, Австралија опен. Вториот рекет во светот веќе подолго време не е во добри односи со публиката во Мелбурн и цело време меѓусебно се провоцираат.

По победата над Алиасим, Русинот знаеше дека тоа може да повреди поголем дел од публиката, но намерно го спомена Новак Ѓоковиќ кој пред недела и половина беше токму депортиран од земјата.

„Не знам дали ќе им се допадне на луѓето, но јас размислував што би направи Новак во мојата ситуација. Тој е еден од најголемите шампиони“, изјави Медведев по што беше исвиркан од дел од публиката на „Род Лејвер арената“. 

 

Се вчитува...