Медведев и Аклараз во финалето на Индијан Велс

Даниел Медведев и Карлос Алкараз ќе се борат за шампионската титула на првиот АТП мастерс турнир од серијата 1000.

Русинот до големото финале стигна со победа од 2-0 (7-5, 7-6) против Франсис Тифо, додека Шпанецот славеше со 2-0 (7-6, 6-3) против Јаник Синер.

За Медведев тоа е прво финале на мастерс турнир од есента 2021 година кога загуби од Новак Ѓоковиќ, додека за 19-годишниот Алкараз прв настап во финалето на Индијан Велс.

Се вчитува...